Нови напади со беспилотни летала и ракети на Блискиот Исток

Од:

Неколку земји на Блискиот Исток објавија пресретнувања на беспилотни летала и ракети. Нападите се случија додека муслиманите низ регионот го слават Фитр Бајрам, празник што го означува крајот на светиот месец Рамазан.

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека одбранбените системи биле активирани против „непријателски цели“ источно од главниот град Техеран. Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека започнала „бран напади“ врз градот.

Израелската војска, исто така, соопшти дека идентификувала ракети лансирани од Иран и дека нејзините одбранбени системи ги пресретнуваат.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?