Русија воспостави контрола на границата со Белорусија

Од:

Руската Федерална служба за безбедност воспостави контрола долж границата со Белорусија, како одговор на одлуката на Минск да ги укине визите за краткорочните патувања на граѓаните од 80 земји, вклучувајќи ги и САД и членките на Европската Унија, пренесоа американските медиуми.

Според документи што вчера ги лиферуваше руската Влада, ФСБ вовела целосен режим на чување на границата на Русија со својот некогашен советски сосед.

Русија и Белорусија имаат тесни политички и економски врски и досега немаа контрола долж заедничката граница. Но, одлуката на белорускиот претседател Александар Лукашенко за укинување на визите ја загрижи Русија, која на оваа одлука гледа како на закана за својата национална безбедност.

Американските медиуми потсетуваат и дека во последно време односите меѓу Москва и Минск се загегнаа и заради серијата економски спорови.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on