Русија ја запре испораката на гас за Украина

Од:

Руската компанија за нафта и гас „Газпром“ ја запре денеска испораката на гас за Украина, откако владата во Киев не го уплати авансот за продолжување на испораката, како што е тоа договорено.

Извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека Украина го искористила целото количество гас, за кое претходно имала уплатено.

Милер предупреди дека неможноста на украинските власти да продолжат да купуваат повеќе гас, би можело да предизвика ризик во снабдувањето со гас на останатиот дел од Европа.

По избувнувањето на украинскиот конфликт и судирот меѓу Киев и Москва, испораките на гас за украинските потреби, беа прекинувани на неколкупати.

– Доколку Украина одбие да купува руски гас, тоа ќе предизвика серизони последици за транзитот на гасот преку украинската територија, како и за снабдувањето на потрошувачите во Украина, изјави Алексеј Милер.

Околу 15 отсто од гасот за земјите од Европа, минува низ територијата на Украина.

Најновиот прекин на испораката, доаѓа три денови по соборувањето на четирите далноводи, преку кои се транспортираше струја од Украина за полуостровот Крим, со што два милиони жители и локалната индустрија се без електрична енергија, а некаде и без греење.

Властите во Киев, не го осудија соборувањето на далноводите, што во Москва беше оквалификувано како „терористички акт“.

Од пред 24 часа, украинската влада почна и трговска блокада кон Крим, што од март 2014 година е под контрола на Русија, на тој начин што го забрани товарниот транспорт од Украина кон полуостровот.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев