Романија отфрла секаква одговорност за аферата со коњско месо

Од:

Романија денеска ги отфрли сомнежите изразени кај некои членки на Европската унија за тоа дека романски фирми продавале коњско, наместо само говедско месо за бургерите во рестораните за брза храна и во готовите јадења од мелено месо.

Премиерот Виктор Понта, изјави во Букурешт дека по проверката што е направена, не се најдени никакви докази дека романските добавувачи на мелено месо не ги почитувале стандардите и нормите за производство на храна на ЕУ.

Две романски фирми се обвинети во Западна Европа, а пред се во Франција и Велика Британија, дека спорното месо е приготвено и набавено во Романија. Британската Влада денеска прогласи мораториум на внесување месо кое не одговара на европските правила, а министерот за аграр Овен Патерсон го нарече целиот случај како обичен „криминален заговор“.

Франција нареди детална контрола на месото во сите сампослуги и хипермаркети, а седум синџири супермаркети ја повлекоа целата храна направена од мелено месо.

Романскиот премиер Понта, меѓутоа, инсистира дека нема прекршување на правилата на ЕУ, ниту од некоја романска фирма, ниту од фирма која работела на територијата на Романија.

– Да бидам искрен, многу сум гневен поради овие обвинувања, рече романскиот премиер Виктор Понта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Земјотрес ја погоди Романија