Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Од:

Маж (33) од Романија, кој планирал да седне во претседателската фотелја на општина во областа Слатине, завршил зад решетки поради сомнение дека силувал 14-годишно девојче, ќерка на негова колешка.

Tој на девојчето му понудил превоз, по што жртвата се согласила да влезе во возилото да пренесе до градот.

Според медиумите, жртвата и осомничениот живеат на иста улица и се оддалечени само неколку куќи, а напаѓачот го познавал девојчето уште од нејзиното раѓање.

Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал.

По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката и се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча.

Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило.

Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека ја силувал девојката.

На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Битолчанец четири месеци силувал и уценувал 18-годишна девојка

Малолетник од Кочани силувал малолетничка од Скопје

Струмичанец силувал малолетно лице со пречки во развојот

Горан Наумовски

Mаж од Куманово е осомничен за силување, а со телефон ја снимал жртвата

Приведен кавадарчанец пријaвен за силување

Убиена е Романка која барала, а не добила помош од судските власти