Убиена е Романка која барала, а не добила помош од судските власти

Од:

Жена (41) која побарала од судот да и се изрече забрана за задржување на нејзиниот сопруг, е најновата жртва на семејно насилство на Балканот.

Жена е брутално убиена во Муреш, Романија, набргу откако судијата рече дека нема основа за забрана, бидејќи „барањето е неосновано“, и покрај тоа што претходно претрпе насилство од нејзиниот сопруг.

Пеколот на жртвата започна на крајот на минатата година. Нејзиниот сопруг, со кој беше во брак 20 години и на кого му роди три деца, почнал да се однесува чудно и наеднаш станал крајно агресивен. Мажот (44) почнал да ја навредува и малтретира сопругата, а таа по повеќедецениски брак решила да се разведе од него.

Жената која работела како главен сметководител во градското собрание, во декември претрпела страшни повреди од него, по што добил двомесечна забрана за задржување. Сепак, тој продолжил да и се јавува и да и се заканува.

Во февруари, плашејќи се дека повторно ќе и наштети, жртвата побарала продолжување на забраната, но судијата го одбил барањето. Во образложението тој наведува дека „актите на насилство биле повремени“, односно кога сторителот бил под дејство на алкохол и дека нема доволно основи за продолжување на забраната.

Четири месеци подоцна, жената била брутално убиена.

Како што пренесуваат медиумите, кавгите повторно почнале кога почнало да се преговара за поделба на имотот стекнат за време на бракот. Најголем проблем била куќата во која живеело семејството, бидејќи осомничениот сакал целата куќа да остане кај него. Во напад на бес фатил нож и ја избодел поранешната сопруга, а наводно се се случило пред очите на нивниот син (16).

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

ВИДЕО: Едниот од браќата осомничени за убиството во Арачиново е во притвор, другиот е во бегство

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

А1он

Млад штипјанец ја убил партнерката, па сам се пријавил во полиција

А1он