Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на ОБСЕ

Од:

Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Мандатот се презема на барање на актуелното претседавање со ОБСЕ, кое го има Северна Македонија.

Должностите на Комитетот вклучуваат дискусија за невоените и политичките аспекти на безбедноста и помагање во подготовките за организацијата на Годишната конференција за преглед на безбедноста на ОБСЕ.

„Во контекст на извршувањето на овој мандат, Романија ќе го поддржи постигнувањето на целите на организацијата во областа на борбата против трговијата со луѓе, управувањето со границите и борбата против тероризмот. На овој начин, во соработка со актуелното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, Романија ќе посвети зголемено внимание на спроведувањето на обврските преземени од сите земји учеснички и ќе го олесни консолидирањето на меѓународните напори за борба против транснационалните безбедносни закани“, се наведува во соопштението до медиумите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја стресе Романија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се судрија два авиони на Wizz Air, снимен моментот на несреќата

Ана Ололовска

12 лица се повредени во железничка несреќа во Романија

Втор земјотрес го погоди градот Таргу Jиу во Романија

Горан Наумовски

Османи во ОН: Човечките страдања во Украина мора да престанат

Ана Ололовска

Нов земјотрес во Романија

Горан Наумовски