Девојка од Романија била претепана до смрт, нејзиното тело потоа било „спакувано“ во куфер и фрлено

Од:

Ново страшно злосторство го потресе Балканот, по откривањето на телото на девојката (31) која била претепана до смрт, а нејзиното тело потоа било „спакувано“ во куфер и фрлено.

Грозоморно убиство се случи минатата недела во Велики Варадин (Романија), а телото било пронајдено на паркинг во станбен комплекс.

Истрагата утврдила дека убиената девојка и нејзината сестра биле принудувани на проституција. Наводно во целата приказна е вмешан и познаник од нивното родно село, а се верува дека девојката е убиена затоа што „не заработувала доволно“. Полицијата уапсила тројца осомничени.

Маж и жена, родуми од Бихор, се приведени под сомнение дека биле дел од синџир за проституција во Велики Варадин. Се сомневаат дека имале два стана во градот, каде што ја принудувале убиената девојка на проституција. Токму во еден од тие станови една девојка била претепана до смрт.

Се претпоставува дека девојката ја тепале додека не умрела, а потоа по наредба на газдата телото го спакувале во куфер и го оставиле на паркингот на станбен комплекс од другата страна на градот.

– На жртвата и нејзината сестра било извршено физичко и психичко насилство, а за делото се осомничени три лица. Жртвите биле изгладнети и држени во нехумани услови, во еден тоалет“, соопшти обвинителството.

Според медиумите, еден од тројцата осомничени на распитот ги признал делата.

Наводното убиство се случило за време на „казнување“ на две сестри, бидејќи повеќе не заработувале доволно пари преку проституција. Постарата сестра им подлегнала на повредите во станот.

„Жртвата има повеќекратни скршеници на коските на лицето и ребрата“, велат од болницата во која е хоспитализирана помладата жртва.

Би можело да ве интересира

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски

Артан Хајзири тврди дека е во Германија и дека не е вмешан во убиството на српскиот полицаец

Горан Наумовски