Рекорден одзив на локалните избори во Хонгонг

Од:

Рекоден број избирачи денеска излегоа на гласање на локалните избори во Хонгконг, што се гледаат како барометар на поддршката за лидерката Кери Лам, чиј мандат е одбележен со речиси шестмесечни протести, во кои често пати имаше и насилство.

Владините податоци покажуваат дека досега гласале 1.524.675 лица, а останати се уште девет часа до затворање на избирачките места, пренесоа британските медиуми.

Со ова е надмината излезноста од претходните локални избори пред четири години.

Повеќе од 4,13 милиони гласачи на Хонгконг имаат право на глас на овие локални избори, први од почетокот на немирите, што во јуни ја зафатија оваа автономна кинеска територија.

Окружните совети се пониски владини тела со четиригодишен мандат, кои во 18-те дистрикти од градот се грижат за локални проблеми, како градскиот превоз или објектите за рекреација.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг