Катарската телевизија „Ал Џазира“ соопшти дека нејзиниот новинар, Омар Хашрам бил ранет денеска во сирискиот град Алепо и оти е евакуиран во Турција заради лекување.
Новинарот е примен во билница во Турција, каде му е пружена лекарска помош. Според „Ал Џазира“ тој бил ранет додека известувал за случувањата во Алепо, кој е под контрола на Сириската ослободителна армија.
Армијата на режимот во Дамаск почна во саботата офанзива против бунтовниците во Алепо, вториот по големина град и економски центар на Сирија.