Путин: Се намалува довербата меѓу Русија и САД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Мир 24″, истакна дека откако Доналд Трамп е претседател на САД, се намалува довербата меѓу Москва и Вашингтон.

– Може да се каже дека довербата, особено во полето на воената соработка, не се зголеми, туку напротив, се намали, рече Путин.

Прашан за обвинувањата кон сириската Влада за одговорноста за хемискиот напад во провинцијата Идлиб, тој одговори дека Сирија ги предала залихите од хемиско оружје. Натаму, тој додаде дека вистината за овие настани може да се бара во тоа дека веројатно сириската авијација случајно погодила складиште со хемиско оружје на бунтовниците, од каде што се расширил отровниот гас, или, пак, се работи за провокација со цел да се дискредитираат сириските власти.

Според рускиот претседател, без истрага не е можно да се преземат какви и да е дејствија против официјалните сириски власти.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа