Путин: Неприфатливо е принц Чарлс да ме споредува со Хитлер

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин истакна дека не слушнал дека наследникот на британскиот престол го споредил со Хитлер, но ги замоли медиумите неговата изјава да му ја пренесат на принцот Чарлс, но и на британскиот премиер Дејвид Камерон.

-Не слушнав за тоа, но доколку навистина го рекол, тогаш е неприфатливо. Сметам дека и тој сфатил, бидејќи е добро воспитана личност. Го познавам и него и останатите членови од кралското семејство. Тоа не е кралско воспитување, но навикнав на различни работи-рече Путин.

Наследникот на британскиот престол во текот на својата посета во Канада, ги спореди постапките на рускиот претседател со оние на Адолф Хитлер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on