Путин го сели фронтот од Украина во Сирија

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Претседателот на Русија Владимир Путин не се повлекува, туку фронтот од Украина го сели во Сирија.

Во текот на летото руските сили во источна Украина беа активни секој ден и и нанесуваа значителни жртви на украинската страна, без реакции на западните влади.

По новото примирје на 1 септември, оружјето стивна, а оптимистите шпекулираа дека претседателот на Русијам Владимир Путин се повлекува. Меѓутоа, тогаш стигнаа вести од Сирија: Руски воени авиони ја надлетуваат провинцијата Идлиб која ја држат бунтовниците, во изградба е касарна  во нова база, а бродови истоваруваат нови оклопни возила.

Јасно е дека Путин не се повлекува, туку само го менува фронтот и спроведува уште еден маневар, како и многуте претходни на кои американската администрација не реагираше соодветно.

Се уште не е јасно какви се руските намери во Сирија, како ни во Украина, каде Москва се уште според проценките има 9.000 редовни војници, покрај 30.000 нерегуларни и 240 тенкови.

Некои аналитичари тврдат дека Путин дејствува на Блискиот Исток од очај, бидејќи не успеал да ги оствари намерите поврзани за Украина. Меѓутоа, тоа може да се гледа од друг агол: Путиновата употреба на сила успеа да го принуди Западот да ги прифати неговите барања во врска со Украина и тој сега сака да го повтори тој триумф на друг фронт.

Никој не излезе повеќе изигран од потезите на Кремљ од човекот задолжен да се јавува во Москва и да протестира, американскиот државен секретар Џон Кери.

Кери во мај отпатува во Сочи омиленото летувалиште на Путин, да разговара со него за Иран, Украина и Сирија. По завршувањето на состанокот, Кери порача дека војните во Украина и Сирија треба да се решаваат преку американско-руска соработка. Потоа, е воспоставен посебен дипломатски канал меѓу Москва и Вашингтон за координација на полето на Украина, со цел судирот да запре до крајот на годината.

Во текот на летото, додека Вашингтон се бавеше со нуклеарниот договор со Иран, американските и европските дипломати сметаа на прозападната украинска Влада на Петар Порошенко. Кери во Сочи понидул полна поддршка на САД за имплементација на договорот „Минск 2‟ постигнат во февруари со посредство на Германија и Франција, во момент кога регуларните русски сили однесоа победа над украинската војска.

Тој договор е многу лош за Киев, бидејќи предвидува дека Украина мора да усвои уставна реформа која на проруските региони ќе им даде вонредни овластувања, како и дека реформите мора да ја задоволат Москва, што на Путин де факто му дава право на вето на раководната структура во Украина.

Иако Русија не е вклучена во првата точка на договорот од Минск – прекин на огнот, администрацијата на Обама силно го притисна Порошенко во украинскиот Парламент да поднесе амандман, што тој го стори и доби прелиминарно одобрение откако ги предупреди законодавците дека неговата Влада може да ја изгуби поддршката од САД.

Порошенко плати висока цена: Насилните протести пред Парламентот резултираа со неколку смртни случаи. Сепак, делуваше дека САД успеаја да го спроведат ветувањето на Кери до Путин.

Меѓутоа, Путин не беше задоволен. Наведе дека реформата не ја променила суштината на структурата на власта во Украина, а неговото барање да ја диктира политиката во Украина не можеше да биде поочигледно.

Сепак, наместо да престанат да му попуштаат, западните лидери понудија нови отстапки, а германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е неопходно да се надминат разликите во мислењата со Русија.

Како сето ова е поврзано со Сирија? Јасно е дека Путин и таму има план и дека сака да го блокира секој обид на Западот да го симне од власт Башар ел Асад, како и да наметне прифаќање на неговиот режим како партнер во нова коалиција против Исламската држава (ИС).

Путин таа идеја му ја изнесе на Обама во текот на телефонскиот разговор во јуни, а Обама како и Кери, погрешно заклучи дека Путин е подготвен на соработка.

Руската чизма сега се појавува на теренот, во упориштето на Асад – Латакија, а некои аналитичари наведуваат дека руски авиони и беспилотни авиони можат да бидат употребени за напади во име на сирискиот режим.

Путин се уште не ги остварил своите цели во Украина, наспроти лобирањето на Западот, а малку е веројатно дека ќе успее да го спаси Асад. Но, ако една од неговите цели е да покаже дека може да наредува и да им се заканува на САД, во тоа е многу успешен.

Би можело да ве интересира

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта