Пукање во Канада: Еден полицаец убиен, двајца ранети

Од:

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети кога денеска реагирале на дојавата за пукање во куќа во рурален дел на канадската провинција Онтарио.

Полицајците се застрелани од едно лице кога пристигнале во куќа во Бурж, на околу 50 километри источно од Отава, соопшти провинциската полиција.

Сите тројца полицајци се пренесени во болница во Отава, каде еден почина, се додава во соопштението.

По пукањето едно лице е приведено.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го идентификуваше убиениот како наредникот Ерик Милер. Тој изрази сочувство до семејството, пријателите и колегите на наредникот загинат за време на службената должност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов