Пуџдемон бара ослободителна пресуда за каталонските сепаратисти

Од:

Поранешниот претседател на регионалната Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон оцени дека судењето на групата од 12 каталонски сепаратиситчки лидери во Мадрид, претставува тест на издржливост за шпанскиот правосуден систем и за демократијата во земјата.

„Јас, сепак, верувам дека шпанската држава ќе ја искористи оваа можност да донесе правилна пресуда, а тоа е ослободување“, рече Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија, на прес-конференција во Берлин.

Групата од 12 обвинети се соочуваат со различни обвиненија, вклучувајќи и обвинение за бунт за време на неуспешниот обид на сецесија, кон крајот на 2017 година.

Судењето ќе биде пренесувано во живо на телевизија.

Во пресрет на почетокот на овој судски процес против каталонските сепаратисти, денеска демонстранти ги блокираа автопатиштата во Каталонија.

 

Би можело да ве интересира

Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Италијанскиот суд привремено го ослободи Пуџдемон

А1он

„Паис“: Пуџдемон ослободен по синоќешното апсење на Сардинија

А1он

Санчез: Пуџдемон мора да одговора пред лицето на правдата

А1он

Лидерот на каталонските сепаратисти Пуџдемон уапсен во Италија

Ана Ололовска

Каталонските сепаратисти одржаа голем митинг во Барселона пред разговорите со владата