„Паис“: Пуџдемон ослободен по синоќешното апсење на Сардинија

Од:

Италијански судија денеска го ослободи поранешниот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон, откако беше уапсен претходната ноќ на Сардинија, објави шпанскиот весник „Паис“.

Сепак, судијата му наложи да остане на островот додека не се решат неговите правни прашања.

Адвокатот на Пуџдемон во Италија, Агостинаџело Марас, изјави дека судот допрва треба да ја донесе таа одлука.

Пуџдемон, кој живее во азил во Брисел, беше уапсен синоќа по наредба на Високиот суд на Шпанија, откако со авион пристигна во Сардинија, каде требаше да учествува на собир за меѓународна промоција на каталонската култура.

Би можело да ве интересира

Италијанскиот суд привремено го ослободи Пуџдемон

А1он

Санчез: Пуџдемон мора да одговора пред лицето на правдата

А1он

Лидерот на каталонските сепаратисти Пуџдемон уапсен во Италија

Ана Ололовска

Каталонскиот лидер Пуџдемон дефинитивно остана без европратеничкиот имунитет

Жарко Настоски

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на Пуџдемон

Катерина Павлова-Николовска

Европскиот парламент го разгледува барањето за одземање на имунитетот на Карлес Пучдемон

Ана Ололовска