Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Од:

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза.

Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела.

Но, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна.

Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои судот денеска ги донесе би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад.

Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион.

Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Шпанија беснеат пожари на истокот на земјата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите во Шпанија гаснат огромен пожар, илјадници луѓе се евакуирани

ВИДЕО: Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта

Ана Ололовска

Шпанскиот премиер: За да се стави крај на војната во Украина, мора да ја слушаме Кина

Ана Ололовска

Во Шпанија е уапсен Албанец кој уби Србин и тешко рани државјанин на БиХ

Горан Наумовски

Нека стане пракса: Маж осуден да и плати 204 илјади евра на жената за чистење по дома

Анита Петровска Рајковиќ