Санчез: Пуџдемон мора да одговора пред лицето на правдата

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска дека поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон мора да одговора пред лицето на правдата, откако беше уапсен на италијанскиот остров Сардинија.

Санчез ја даде изјавата при посетата на областите погодени од ерупцијата на вулканот на Канарските Острови, додавајќи дека италијанскиот судски систем мора да одлучи дали ќе го екстрадира Пуџдемон.

– Кога Пуџдемон избега од обвинението, имаше друга влада, оваа влада секогаш имаше ист став. Пред се, ги почитувам сите судски постапки кои се отвораат во Шпанија, во Европа, во овој случај во Италија. Исто така, ги почитувам и поддржувам судските одлуки кои во тој поглед можат да се донесат во Италија, истакна Санчез.

Од друга страна, каталонскиот ремиер, Пере Арагонес повика на итно ослободување од притвор на неговиот претходник Карлес Пуџдемон, барајќи од шпанската Влада да ја повлече меѓународната потерница издадена против него.

Арагонес додаде дека ќе отпатува за Сардинија, каде Пуџдемон се наоѓа во притвор, со цел да го поддржи сепаратистичкиот лидер, кого Шпанија го бара под обвинение за вмешаност во неуспешниот обид за стекнување независност на шпанската провинција во 2017 година.

Околу 400 граѓани на Барселона се собраа денеска пред италијанскиот конзулат во тој град, барајќи Пуџдемон да биде ослободен.

Демонстрантите извикуваа „Пуџдемон, наш претседател“, „Независност“, „Срам“, „Да живее каталонската република“ и многу други, пишува Ла Вангвардија.

Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија од 2017 година, беше уапсен синоќа по налог на Високиот суд на Шпанија, откако слета на Сардинија, каде требаше да учествува на собир за меѓународна промоција на каталонската култура.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски