ПССЕ ја повика Унгарија да прекине со работа врз законот за финансирање на НВО и Универзитетот

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја повика Унгарија да ја суспендира парламентарната расправа за предлог-законот за “Транспарентност на организациите кои добиваат средства од странство” и примената на законот за изменување на Законот за Националното високо образование, во очекување на мислењето на експертите на Венецијанската комисија на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур

Со усвојување на резолуција врз основа на извештајот на Могенс Јенсен (Данска, Социјалист), ПССЕ, исто така ги повика унгарските власти да влезат во “отворен дијалог” за двата закона со граѓанското општество и со Советот на Европа како и други меѓународни организации.

Во однос на Законот за здруженија на граѓани, Собранието изрази загриженост во врска со недостатокот на јавни консултации за проектот, од тежината на санкциите – вклучувајќи ја и можноста за распуштање на невладината организација за непочитување – и неговиот широк спектар на апликации.

Пратениците 47-те Земји членки на Советот на Европа, исто така изразија жалење дека носењето и расправата за предлог законите се случуваат во услови на “глобално обвинување и навредлив говор од страна унгарските јавни содговорни личности.”

“Динамично граѓанско општество е многу важна за функционирањето на демократијата”, рече изветсувачот Јенсен. “Сега сме во состојба денес, да ги понудиме ефикасно и конструктивно нашите вештини за подобрување на проектот пред да биде премногу доцна”.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Косово може да стане членка на Советот на Европа

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот