ПССЕ бара МКС да ги гони сторителите на воени злосторства во Сирија и Ирак

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го повика обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ја преиспита својата одлуката од април 2015 година за неспроведување прелиминарна истрага за обвинувањата за извршени воени злосторства во Сирија и Ирак.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, ПССЕ смета дека Судот треба да ја признае својата надлежност за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени во Сирија и Ирак од страна на странските борци на групата Исламска држава (ИД).

Во резолуцијата усвоена едногласно од страна на ПССЕ, врз основа на извештајот белгискиот пратеник Ален Дестекс, Собранието ја потврдува својата целосна поддршка за МКС, како прва постојана независна судска институција со надлежност да ги гони лицата обвинети за најтешките кривични дела како геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Со усвоениот текст се повикуваат членките на Советот за безбедност на ОН во рок од два месеци до усвојат резолуција за обезбедување ефикасно гонење на лица одговорни за геноцид, злосторства против човештвото и други воени злосторства извршени во Сирија и Ирак.

Со Резолуцијата се повикуваат земјите членки на Советот на Европа, земјите набљудувачи во ПССЕ и државите чии парламенти имаат статус на партнер за демократија на Собранието, да ја потврдат својата поддршка на МКС, со потпишување и ратификување без понатамошно одложување на Римскиот статут, со измените од Кампала и на Договорот за привилегии и имунитети на Судот.

Во текстот, исто така, се повикува да се донесе ефикасно законодавство за спроведување на Римскиот статут, вклучувајќи ја и интеграцијата на општите злосторства и принципите на законот, кои се дефинирани во нивните национални кривични законодавства и за воспоставување на процедури за да се овозможи целосна и ефективна соработка со Судот.

Со Резолуцијата исто така се бара на МКС да му се доделат реални буџетски средства, кои треба да му дозволат да ја исполни неговата мисија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски