Против делта-сојот се нужни две дози од вакцината, вели Европската агенција за лекови

Од:

Потребни се две дози на вакцина за заштита од делта-варијантата на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека делта-сојот, многу позаразен од претходните, забрзано се шири низ целиот свет.

„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или АстраЗенека.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски