Протекционизмот и климатските промени нема да бидат на дневен ред на средбата на Г-7

Од:

Европа, Јапонија и Канада се надеваат дека средбата на Г-7, која почнува денеска во Бари, ќе даде појасна претстава за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за клучните мерки, кои тој се уште не ги изнел детално.

Официјалната програма на средбата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Групата седум најразвиени држави е насочена пред се на нееднаквоста, меѓународните даночни правила, кибер безбедноста и спречувањето на финансирањето терористи.

Учесниците на средбата, која ќе трае до сабота внимателно ќе го следат американскиот министер за финансии Стивен Манучин, за да ги дознаат американските намери по прашања, за кои Трамп се закани дека ќе ја разочара групата, протекзионизмот и климатските промени.

Трамп ќе одлучи дали САД ќе излезат од Париската спогодба за климата по средбата со лидерите на самитот на 26 и 27 мај, соопшти Белата куќа.

– Ако се земе предвид протекциоистичкото однесување на Трамп нема да има официјални дискусии за трговијата во Бари, изјави претставник на италијанското Министерство за финансии. Оваа тема ќе биде разгледана на самитот во Таормина, Сицилија, кон крајот на мај.

Иако не е вклучена во официјалната програма, според извори, ќе има и дискусии за олеснување на долгот на Грција пред средбата на министрите за финансии од еврозоната на 22 мај, која ќе биде посветена на отпушањето нови заеми за Атина.

Грчките кредитори, вклучувајќи ги Евцропската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд ќе имаат свои претставници во Бари.

Министрите од Г-7 во Бари е планирано да потпишат декларација за борба против даночни измами и други незаконски финансиски активности. Тие ќе се обидат да изнајдат поефикасни начини за борба против перењето пари, затајувањето даноци и финансирањето на тероризмот.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска