Пронајдена главата на шведската новинарка убиена на подморницата од данскиот научник

Од:

Денеска била пронајдена главата на шведската новинарка која под мистериозни околности беше убиена пред два месеци во подморницата на данскиот научник.

Главата на новинарката била пронајдена во пластична кеса, заедно со нозете, потврди инспекторот од полицијата во Копенхаген, Јенс Молер и додаде дека во друга кеса била пронајдена нејзината облека.

Распарченото тело на новинарката Ким Вал беше пронајдено во близина на Копенхаген 11 дека откако таа се качи на подморницата на истражувачот Петар Мадсен.

Ким исчезна на 10. август, а последната нејзина фотографија е како стои на подморницата, за следниот ден нејзиниот дечко да ја пријави за исчезната.

Рибарски брод, кој што беше вклучен во потрагата, го спаси Мадсен, чија подморница потона, наводно поради дефект.

Три дена подоцна беше откриено дека подморницата намерно била потопена, а торзото на новинарката без глава и екстремитети беше случајно пронајдено од страна на велосипедист.

Мадсен, кој во меѓувреме призна дека го фрлил нејзиното мртво тело во море, тврди дека се работи за несреќа, но на телото на Ким биле пронајдени 15 убодни рани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло