Продолжуваат престрелките меѓу џихадистите и курдските сили во Кобане

Од:

Борбите меѓу курдските сили и џихадистите од групата Исламска држава (ИД) за контрола врз сирискиот град Кобане продолжуваат.

Утринава повторно во некои населби се слушале истрели, а во центарот на градот се уште се веело курдското знаме.

Според локални извори, судирите траеле цела ноќ, а советникот Фатих Чифчи, од најблискиот турски град Суруч, изјавил дека околу 700 луѓе ја преминале границата во текот на ноќта, барајќи засолниште во Турција.

Меѓу бегалците имало и цивили и борци од вооружената курдска милиција Сили за заштита на народот, а 47 од нив биле повредени. Чифчи тврди дека во Турција биле пренесени и седуммина загинати лица.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, ИД по неколкудневна опсада вчера влегла во источните квартови на Кобане.

Борби започнале денеска и во западните и јужните квартови на сирискиот град, и покрај новата серија воздушни напади против позиции на џихадистите, извршени синоќа од меѓународната коалиција, предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град