Илјадници демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на Хонгконг, само еден ден по судирите помеѓу учесниците на антиовладиниот протест и полицијата.
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека Пекинг нема да дозволи да продожи ситуацијата во Хонгконг.
– Ние цврсто веруваме дека Хонгконг ќе може да ги надмина идните потешкотии и предизвици, објави Синхуа.
Демонстрантите во црно на денешниот собир апелираат на масовност на утрешниот штрајк.
Повеќе од 20 лица се уапсени во текот на ноќта поради незаконско собирање и напад по судирот меѓу демонстрантите и полицијата.
Протестите што почнаа пред два месеца поради Законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во антивладини, откако полицијата употреби прекумерна сила.
Протестите се прва сериозна политичка криза во Хонгконг откако поранешната британска колонија беше вратена под управа на централната Влада во Пекинг пред 22 години.