Продолжува вербалната војна помеѓу Ердоган и Нетанјаху

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „терорист“.

Обвинувањето уследи откако Нетанјаху ги отфрли „моралните лекции“ од Турција поради крвавите судири на границата помеѓу Појасот Газа и Израел.

– Еј, Нетанјаху, Вие сте окупатор и како окупатор сте на тие територии и во исто време сте терорист, изјави Ердоган пред приврзаниците во Адана, а обраќањето се пренесуваше и на телевизија.

Според израелските медиуми, претседателот на Турција изјавил и дека Израел е „терористичка држава“.

– Не е потребно да му кажам на светот колку е сурова војската на Израел. Можеме да видиме што прави терористичка држава, ако ја набљудуваме ситуацијата во Газа и во Ерусалим, посочи Ердоган, додавајќи оти Израел изврши масакр во Газа.

Тој најави и дека Турците нема да заборават што им се прави на угнетените Палестинци, оценувајќи дека ниту на израелскиот народ не му е сеедно.

Нетанјаху претходно го нападна Ердоган поради неговите критики на израелскиот одговор на масовните протести на Палестинците на границата на Појасот Газа.

– На најморалната армија на светот нема да му држи лекции некој, кој со години бомбардира цивилно население, наведе Нетанјаху.

Ердоган и вчера во Истанбул остро ја осуди израелската Влада за нејзиниот „нехуман напад“, алудирајќи на убиството на 15 палестински демонстранти во петокот на границата на Појасот Газа со Израел.

– Израел ќе ги стави Палестинците во затвор со своето угнетување. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина, наведе Ердоган.

Тој ги нападна и тие што го критикуваат него, а не и Израел.

– Не слушнав некој да се спротистави на масакрот во Газа од тие што ја критикуваа операцијата во Африн, изјави Ердоган, мислејќи на турската операција во курдската енклава во северна Сирија.

Десетици илјади Палестинци во петокот во Појасот Газа почнаа шестнделен протест со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата со Израел. Организатор на протестот е Хамас. Но, протестот набрзо прерасна во насилство, кое беше осудено од генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, кој побара независна истрага. И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара да се спроведе истрага за употребата на боева муниција за време на палестинските демонстрации.

Односите помеѓу Турција и Израел беа нарушени во 2010 година кога израелски командоси упадна на брод, што превезуваше помош за Појасот Газа и убија десет турски пропалестински активисти. Договорот за нормализација на билатералните односи беше постигнат во 2016 година, но оттогаш во повеќе наврати е е прекршен.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on