Принцот Хари најде работа во компанија за животен тренинг и ментално здравје

Од:

Британскиот принц Хари ќе се вработи во компанија за животен тренинг и ментално здравје, јавија светските медиуми.

Принцот ќе биде своевиден гласноговорник на американската стартап-фирма BetterUp, а во новата улога тој ќе учествува во иницијативи како одлуки за стратегии за доделување доброволни прилози, а и јавно ќе зборува за темите поврзани со менталното здравје.

Хари веќе е претставен и на веб-страницата на компанијата, чие седиште е во Сан Франциско. Според медиумите, тој го запознал директорот на BetterUp преку заеднички пријател.

36-годишниот принц и неговата три години постара сопруга, Меган Маркл, ја потресоа британската монархија со контроверзното интервју со Опра Винфри на почетокот на месецов, во кое изнесоа низа обвинувања на сметка на Бакингемската палата.

Двојката претходно предизвика шок во кралското семејство во јануари минатата година, кога соопшти дека Хари се откажува од правото на престолот, а двајцата отстапуваат од кралските должности и се селат во Америка.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган и Хари отворија нова веб-страница

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска