(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Од:

Инцидентот се случи откако Меган и Хари присуствуваа на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот.

Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд биле вмешани во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил во Њујорк додека биле следени од папараци, изјави неговиот портпарол.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски средби во кои беа инволвирани други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на полицијата во Њујорк“, додаде портпаролот.

Инцидентот се случи откако Меган и Хари присуствуваа на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот.

Тоа беше прво појавување на парот во јавноста по враќањето на Хари од Лондон, каде што присуствуваше на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III.

Војвотката од Сасекс во Њујорк ја доби наградата „Жена со визија!“ за охрабрување на жените да се борат за еднаквост.

„Никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионери на вашиот живот… Има многу да се направи“, рече Меган на доделувањето на наградата.

Инцидентот уследи по извештаите дека пред домот на Хари и Меган во понеделникот било уапсено лице кое ги демнело. Претставници на шерифот во Санта Барбара тогаш објавија дека околу два часот по полноќ добиле повик од обезбедувањето во домот на познатиот пар.

На 31 август 1997 година, по вечерата во хотелот Риц во Париз, принцезата Дијана и нејзиниот тогашен вереник Доди Ал Фајед тргнаа на вечерно излегување во мерцедесот на Дијана. Автомобилот со голема брзина влетал во тунелот Алма и удрил во ѕидот. Возачот Хенри Пол и Доди починале на лице место, а Дијана четири часа подоцна во болница. Единствениот преживеан е телохранителот на Доди, Тревор Рис Џонс. Докторот Бруно Рион во 4 часот наутро објавил дека Дијана починала како последица на внатрешно крварење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Кралски експерт тврди: „Меган беше разочарана што принцот Хари има толку малку пари, мислеше дека има милијарди“