Принц Вилијам: Би-Би-Си со интервјуто на Башир ги влоши односите меѓу моите родители

Од:

Принцот Вилијам денеска изјави дека интервјуто на Мартин Башир со неговата мајка, принцезата Дајана, во 1995 година придонело за влошување на односите меѓу неговите родители.

Мартин Башир е обвинет за фалсификување податоци со цел да добие интервју со неа, а мрежата Би-Би-Си ги призна пропустите во овој случај.

-Според мене, начинот на добивање на интервјуто влијаеше на тоа што го кажа мајка ми. Тоа имаше големо влијание врз влошувањето на односите меѓу моите родители и многу други луѓе. Јас сум тажен од фактот дека пропустите на Би-Би-Си придонесоа за нејзиниот страв, параноја и изолација, на кои се сеќавам од последните години поминати со неа, рече принцот Вилијам во видео обраќање.

„Доколку Би-Би-Си ги испиташе поплаките во 1995 година, мајка ми ќе знаеше дека е измамена. Не само од новинарите, туку и од управата на Би-Би-Си, кои свртеа глава наместо да поставуваат тешки прашања“, истакна Вилијам.

Истрагата открила дека Би-Би-Си не успеал да ги одржи „високите стандарди на интегритет и транспарентност“ за време на интервјуто на Мартин Башир со принцезата Дајана во 1995 година.

Башир се однесувал „превртливо“ и фалсификувал документи со цел да договори интервју со покојната британска принцеза. Би-Би-Си и Башир се извинија, а медиумската куќа испрати писма до нејзините синови – Вилијам и Хари.

Корпорацијата соопшти дека извештајот покажува „очигледни пропусти“, признавајќи дека се потребни повеќе напори за да се утврди што точно се случило тој ден во 1995 година.

Покрај Вилијам и Хари, Би-Би-Си им се извини и на братот на Дајана, но и на принцот Чарлс, нејзиниот поранешен сопруг.

Башир рече дека фалсификувањето документи „бил глупав потег“ и дека искрено жали за тоа. Сепак, тој смета дека овој факт не влијаел на одлуката на Дијана да разговара со него.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

А1он

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он