Тројца бомбаши-самоубијци и еден полицаец се убиени при синоќешниот напад и во престрелката во хотелот „Норт Гејт“ во Кабул.
Како што соопшти авганистанската полиција во престрелката се повредени тројца полицајци.
– Полициската операција по нападот, за кој одговорноста ја презедоа талибанците е завршена, изјави началникот на авганистанската полиција Абдул Рахман Рахими.