Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Од:

Пакистанската амбасада во Кабул денеска беше под оган, при што е ранет еден Пакистанец, припадник на обезбедувањето, соопштија официјални лица.

Исламабад нападот го нарече обид за атентат врз шефот на својата мисија, кој инаку не бил повреден.

Сè уште не е познато кој стои зад нападот на амбасадата, кој се случи само неколку дена откако пакистанскиот министер за надворешни работи предводеше тим во Кабул за да се состане со талибанските власти за да се намалат тензиите долж границата меѓу двете земји, објави Ројтерс.

Портпаролот на полицијата во Кабул изјави дека врз зградата на амбасадата било пукано од блиската зграда. Полицијата го уапсила осомничениот и нашла две парчиња оружје, се вели во соопштението. Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот бил насочен кон шефот на мисијата, Убаид-ур-Рехман Низамани.

Министерството додаде дека Низамани е добро, но дека припадникот на пакистанските безбедносни сили Сепој Исрар Мохамад е тешко повреден додека го штител амбасадорот. Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи изјави дека не планираат да ја евакуираат амбасадата по инцидентот.

Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф во објава на Твитер нападот го оцени како обид за атентат и побара истрага и покренување постапка против сторителите. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Талибанците го осуди нападот.

„Исламскиот емират на Авганистан силно го осудува обидот за пукање и неуспешниот напад врз пакистанската амбасада во Кабул“, напиша на Твитер портпаролот Абдул Кахар Балки, додавајќи дека талибанските безбедносни агенции ќе го истражат нападот.

Би можело да ве интересира

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

Орце Костов

(ВИДЕО) Американската амбасада во Багдад е погодена од проектили

Горан Наумовски

Тепачка во амбасадата на БиХ во Аман: Се истепале дипломатите Битанга и Шкипина

Горан Наумовски

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он