МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

Од:

Министерството за надворешни работи го раскина договорот со компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“ од село Зајас, Кичево која требаше за 800.000 евра да го реконструира постојниот дипломатски објект на МНР во Цирих поради конфликт на интереси.

По реакциите на јавноста дека постапката е нетранспарентна и дека оваа фирма е можен донатор на ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи побара дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип.

„На огласот има пријавено само една компанија за ДЕЛ-1- Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, с. Зајас додека две понуди има за ДЕЛ-4. Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста, по насока на Министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип. Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии“, објаснија неодамна од МНР.

Неофицијално, раскинувањето на договорот е токму поради конфликтот на интереси, односно поради фактот што оваа фирма била донатор на ДУИ.
Претходно компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“ реагираше до МНР дека се одолговлекува склучувањето на договорот за тендер за реконструкција на амбасадата во Цирих само поради тоа што се од Зајас.

„Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, почитувајќи ги сите законските прописи и исполнувајќи ги сите услови, изврши пријавување на тендерот за градежни работи и реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, објавен од Министерството за надворешни работи со Оглас бр. 19953/2023. Свесни сме дека фактот што седиштето на нашата компанија е во Зајас претставува атрактивна политичка информација, но тоа не смее да претставува ограничувачки фактор за нашата економска, техничка, кадровска и стручна екипираност за изведување на предвидените градежни зафати.

Недостатокот од одлука, или одбивање да се одбере ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ заради седиштето на компанијата во с. Зајас, ќе го сметаме за флагрантно кршење на основните права и слободи на граѓаните на земјава, како и незаконски однос кон бизнис секторот кој ги нарушува основните правила на пазарната економија.

Секоја таква одлука компанијата ќе jа обжали до сите правни и правосудни инстанци, а соодветно ќе бидат известени и органите за добро владеење, органите за спречување корупција, невладините организации, медиумите, како и амбасадите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во земјава“ реагираше компанијата преку соопштение.

Реакциите на јавноста за некои тендерски постапки какви што беа договорот за изнајмување на возила од „ АБЦ Рент а кар“ за сума од еден милион евра и адаптирањето на салата „Борис Трајковски“ кое го изврши „Еуровиа“ од Тетово за 1,8 милиони евра, беа повод МНР за првпат да бара дополнителни гаранции за конфликт на интереси.

За случајот „Еуровиа“ предмет отвори Анкикорупциска, поради наводите дека компанијата и нејзиниот сопственик се меѓу најголемите донатори на ДУИ.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции