30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Од:

Граѓаните кои се затекнати во странство со пасош без „северна“ и ќе треба да си дојдат во Македонија ќе може тоа да го направат ако извадат патен лист во некое од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи.

Македонската амбасада во Берлин издаде инструкции за граѓаните кои треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

Патниот лист се вади без термин во било која од амбасадите или било кој конзулат и е со важност од 30 дена, односно служи само за враќање во Македонија.

„Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето.

Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра“, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ