(ВИДЕО) Американската амбасада во Багдад е погодена од проектили

Од:

Американската амбасада во високо заштитената Зелена зона во центарот на Багдад беше погодена од проектили во текот на ноќта. Извор од ирачките безбедносни служби изјави за Шафак њуз дека биле истрелани неколку ракети.

– Во близина на американската амбасада во Багдад се слушнаа експлозии, а во зградата се огласија и сирени. Според прелиминарните информации, неколку ракети биле истрелани кон амбасадата – изјавил извор од безбедносните служби за локалните медиуми.

Засега нема информации кој би можел да стои зад овој напад.

Американските воени бази и други објекти во Ирак станаа цел на напади на шиитските групи во последните месеци. Исламскиот отпор на Ирак, кој ги обединува шиитските милиции, тврди дека нападите врз американските сили во Ирак и Сирија се поврзани со операцијата на Израел во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

Орце Костов

Тепачка во амбасадата на БиХ во Аман: Се истепале дипломатите Битанга и Шкипина

Горан Наумовски

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Зградата се урна по пожар, загинаа 20 лица

Горан Наумовски

Во Багдад продолжува политичката криза и после крвавите судири