Повторно отворен аеродромот во Хонгконг, протестите продолжуваат

Од:

На аеродромот во Хонгконг повторно е воспоставен сообраќајот по два дена нарушување поради антивладините протести на терминалот за пристигнување.

Раководството на аеродромот соопшти дека добило дозвола времено да им забрани на демонстрантите да влегуваат во одредени зони на аеродромот. Повеќе од 30 демонстранти и понатаму се наоѓаат во делот на аеродромот за пристигнување, еден ден по масовните протести и насилства поради кои беа откажани над 100 летови.

Во соопштението се наведува дека еден дел од аеродромот е одвоен за протестите, но надвор од тоа подрачје нема да се дозволат собири.

Полицајците користеле бибер спреј во обид да ги растераат демонстрантите кои го блокирале влезот на терминалот за количките за багаж. Неколку лица биле приведени од полицијата.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг