После обилните дождови – поплави во Шведска и Данска

Од:

Патничкиот и железничкиот сообраќај беше нарушен денеска во делови на Шведска и Данска, каде обилен дожд врнеше во текот на изминатата ноќ и претпладнето.

Спасувачките тимови во Шведска мораа на помош да викаат нуркачи за да ги извлечат патниците од поплавените возила, додека во околни места на Малме жителите мораа да бидат привремено евакуирани.

Слична ситуација беше денеска и во Копенхаген, каде спасувачите извлекуваа патници од поплавените автомобили.

Данските метеоролози сооптија дека за три часа силен дожд биле поплавени неколку квартови во Копенхаген.

Шведските и данските власти им советуваат на граѓаните денеска да не излегуваат од своите домови ако тоа не е неопходно, а метеоролозите најавија постепено престанување на врнежите.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата