Поранешниот премиер на Малезија во затвор поради проневера на милијарди долари

Од:

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак (69) отиде во затвор на отслужување на 12-годишната затворска казна, откако Врховниот суд ја одби неговата жалба по пресудата.

Разак беше обвинет за корупциски скандал со државниот фонд „1Malaysia Development Berhad“ за проневера на милијарди долари.

Во јули 2020 година тој беше осуден на затворска казна, но ослободен со кауција во исчекување на епилогот од поднесената жалбена постапка. Судот го одби неговото барање за одложување на казната.

Пред две години Судот го прогласи Разак виновен по седум точки од обвинението. Тој беше обвинет дека од поранешна филијала на „1Malaysia Development Berhad“ на негови приватни сметки биле префрлени 9,4 милиони долари.

Тој е осуден на 12 години затвор и парична казна од 46,8 милиони долари. Одбраната на Разак рече дека тој бил погрешно наведен да верува дека средствата на неговите сметки биле донација од саудиското кралско семејство наместо средства проневерени од државните фондови. Неговите адвокати исто така тврдеа дека бил измамен од финансиските советници, особено од финансиерот во бекство Џо Лоу. Лоу исто така се соочува со судење во САД и во Малезија, но тој исто отфрла каква било вина.

Против сопругата на малезискиот премиер, Росма Мансор, исто така се покренати одвоени обвиненија за перење пари и затајување данок од проект за соларна енергија. Мансор исто така се изјасни невина по обвиненијата, а Вишиот суд се очекува на 1 септември да ја изрече пресудата по предметот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски

Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Ана Ололовска

Во свлечиште загинаа 16 лица, повеќе од 17 се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Москва не ги дава осудените нејзини државјани кои се виновни за соборувањето на малезискиот авион

Горан Наумовски

Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Горан Наумовски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ