Поради напливот на имигранти Австрија затвори автопат кон Унгарија

Од:

Австриските власти денеска донесоа одлука за затворање на автопатот А4, во делот кон границата со Унгарија, во очекување на бран илегални имигранти од унгарска територија.

Како што соопшти претставник на полицијата на источната австриска покраина Бургенланд, ваквата превентивна мерка е воведена од безбедносни причини, откако на автопатот биле регистрирани десетици бегалци кои од Унгарија се движеле кон Австрија.

Австриските власти соопштија дека вчера во земјата влегле 8.000 бегалци, а од полноќ до претпаднево австрскаата граница ја минале уште 3.600 имигранти. За денеска се очекува во Австрија да влезат приближно ист број бегалци како и вчера.

Во текот на последнава недела од Унгарија во Австрија влегле неколку десетици илјади бегалци. Поголемиот број од нив во земјата пристигнале со возови, по што заминале кон Германија или останатите западноевропски држави.

Во меѓу време, унгарските власти информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Унгарија пристигнале 3.601 бегалци, што претставува рекорден прилив во еден ден. Претходниот рекорд беше постигнат во средата, кога во Унгарија влегле 3.321 бегалец.

Речиси сите овие имигранти, во Унгарија влегле од Србија.

Унгарскиот министер за одбрана Иштван Шимичко вчера најави дека армијата испратила дополнителен број војници во пограничниот регион кон Србија, со цел да помогнат за побрза изградба на заштитната ограда на границата.

Во изградбата на оградата на унгарската страна од границата со Србија, се вклучени околу 3.800 војници.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена