Полицијата уапси маж кој тврди дека го уби Осама бин Ладен

Од:

Поранешен маринец кој тврди дека го убил Осама бин Ладен е уапсен во Тексас.

Роберт О’Нил (47) беше уапсен поради напад. Тој беше ослободен откако плати кауција од 3.500 долари.

Според Њујорк пост, полицијата не сакала да открие што точно направил поранешниот маринец.

Тој стана познат ширум светот откако ја презеде заслугата за испуканиот куршум што го уби Осама бин Ладен по нападите на кулите близначки на 11 септември.

Тој ја раскажа приказната во неговите мемоари „Операторот“ од 2017 година.

Американската влада никогаш не потврди или негираше дека тој ги испукал истрелите во кои е убиен лидерот на Ал Каеда.

Сепак, апсењето во Тексас не е првиот инцидент поврзан со него.

Имено, тој во 2020 година доби забрана да лета бидејќи одбил да носи маска, а во 2016 година бил уапсен поради возење во пијана состојба во Монтана. Тие обвиненија подоцна беа отфрлени.

Би можело да ве интересира

Сандеј тајмс: Принцот Чарлс добил 1,2 милиони долари од семејството на Бин Ладен

Катерина Ѓуровски

Куќата на Осама бин Ладен на продажба

A1on

Штрајк со глад почна лекарот кој и помогна на ЦИА за убиството на Осама бин Ладен

Ана Ололовска

Прекинато судењето на лекарот кој и помогна на ЦИА околу Бин Ладен

Татјана Ташкова

Еспер: Синот на Осама бин Ладен е мртов

Ана Ололовска

САД нудат милион долари за пронаоѓање на Хамза, синот на Осама бин Ладен