Штрајк со глад почна лекарот кој и помогна на ЦИА за убиството на Осама бин Ладен

Од:

Пакистанскиот лекар кој им помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен, почна штрајк со глад од неговата затворска ќелија, соопштија денеска неговиот адвокат и семејството.

Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти да го пронајдат и убијат лидерот на Ал Каеда во 2011 година.

„Се протестира против неправдите и нехуманите ставови што се прават против него и неговото семејство“, рече неговиот брат Jамил Африди по средбата со Африди во затворот во централната провинција Пенџаб. Неговиот адвокат Камар Надем исто така го потврди штрајкот со глад.

Африди доби затворска казна на 33 години во мај 2012 година, откако беше осуден за врски со милитантите, обвинение кое тој секогаш го негираше.

Неговата казна подоцна беше намалена за 10 години.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

Полицијата уапси маж кој тврди дека го уби Осама бин Ладен

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ