САД нудат милион долари за пронаоѓање на Хамза, синот на Осама бин Ладен

Од:

Американскиот Стејт департмент објави дека нуди награда до еден милион долари за информации што ќе доведат до апсење на Хамза бин Ладен, син на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, пренесува „Спутник“.

Во изјавата се вели дека Хамза се појавува како лидер во Ал-Каеда и дека од август 2015 година, објавува аудио и видео пораки на интернет повикувајќи ги своите следбеници да вршат напади врз САД и нивните западни сојузници.

Исто така, се вели дека Хамза упатил закани против САД во знак на одмазда за убиството на неговиот татко од страна на американските сили во мај 2011 година.

Стејт департментот го посочи Хамза како „специјално означен глобален терорист” во јануари 2017 година, а подоцна изјави дека целиот имот под американска јурисдикција во кој Хамза бин Ладен има некаков интерес е блокиран, а на Американците им е забрането да се ангажираат во какви било трансакции со него.”

Хамза беше прогласен за официјален член на Ал-Каеда во август 2015 од страна на високиот лидер Ајман ал Завахири. Според Стејт департментот, во прогласот од 2015 година имаше аудио порака во која Хамза повикува на акти на тероризам во западните престолнини.

Дополнително, Комитетот на Советот за безбедност на ОН во врска со Ал Каеда го додаде Хамза на листата санкционирани лица поради поистакнатата улога на Хамза во рамките на Ал-Каеда.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност