Прекинато судењето на лекарот кој и помогна на ЦИА околу Бин Ладен

Од:

Пакистанскиот суд му даде на обвинителството две недели да подготви одговор на жалбата на осудениот пакистански лекар, кој спроведе лажна кампања за вакцинирање за да и помогне на ЦИА да утврди каде се наоѓа Осама бин Ладен.

Судењето се прекинува се додека не одговори обвинителството.

Доктор Шакил Африди е осуден на 33 години затвор во 2012 година на основа на обвинение за финансирање екстремистичка група.

Тоа е одвоен случај од оној за наводната поврзаност на пакистанскиот доктор со Централната разузнавачка агенција, за што Африди не е официјално обвинет.

Вашингтон побара Африди да биде ослободен, но Исламабад го одби тоа, наведувајќи дека го прекршил пакистанскиот закон.

Припадниците на американската специјална единица „Фоки“ го убија водачот на Ал Каеда на 2 мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад, а Исламабад не бил упатен во тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски