Северно-корејската војска се закани дека ќе нападне неколку новинарски редакции во Сеул, Јужна Кореја поради критиките дека користат деца за пропагандни цели.
Во соопштението кое го објавила Државната северно-корејска новинска агенција, војската како мета на можниот напад ги наведуваат дневните весници „Шосун Илбо“ и „ЈонгАнг Илбо“ и повеќе телевизиски станици.
„Заканите на Северна Кореја се потполно бесмислени“, наведе јужнокорејското министерство, и побара од Северна Кореја да престане со такви соопштенија.