ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Од:

Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон (ЦСИС) во најновиот извештај наведува дека речиси по два месеци од пропаднатите разговори за денуклеаризација помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, забележани се знаци на активност во главниот севернокорејски комплекс Јонгбјон.

Според ЦСИС сателитските снимки направени на 12 април покажуваат пет вагони во близина на фабриката за збогатување на ураниум и лабораториите за радиохемија на нуклеарниот комплекс Јонгбјон.

Во минатото изгледаше дека тие специјализирани вагони се поврзани со дислоцирањето на радиоактивните супстанции или со кампањата за преработка на ураниумот. Сегашната активност, како и изгледот на вагоните не ја исклучува можноста да се работи за операции пред или по процесот за преработка на ураниумот, се наведува во извештајот на ЦСИС.

По првиот историски самит на Трамп и Ким во 2018 година во Сингапур донесена е општа заедничка декларација за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Втората средба во февруари во Ханој неуспешно заврши без никаков напредок за тоа прашање. Со што се доведе до прашање иднината на процесот на денуклеаризација, иако и двете страни изразија желба за продолжување на преговорите.

Јонгбјон се наоѓа на околу 100 киломерти северно од Пјонгјанг и таму се наоѓа првиот севренокорејски нуклеарен реактор, извор на плутониум за забранети севернокорејските воени програми.

Но, Јонгбјон не е единствен комплекс за збогатување на ураниум во Северна Кореја. Според американските разузнавачки служби оценуваат дека има уште два такви центра, еден во близина на Кангсонг, предградие на Пјонгјанг и уште еден на непозната локација.

Северна Кореја ги прекина нуклеарните проби и тестирањата на балистички ракети во рамките на дипломатскиот процес почнат во 2018 година. Но, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека има индиции дека Јонгбјон уште работел во февруари.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски