Петер Сијарто предлага глобален систем на квоти за бегалци

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто предложи глобален систем на квоти за мигранти кои доаѓаат во Европа, истакнувајќи дека неговата земја ќе се залага за тоа на министерскиот состанок на маргините на самитот на ОН.

Унгарија е критикувана од другите европски земји поради нејзиното противење за квоти внатре во ЕУ, а Сијарто рече дека глобалното разместување бегалци кои бегаат зад зоната на судири има смисла, посебно поради оние земји кои на некој начин се виновници за сегашното превирање.

– Луѓето бегаат од земји кои станаа нестабилни поради меѓународните политички одлуки… кои не ги направила само Европа, туку и други големи играчи. Најмал дел од товарот мора да биде преземен од Европа, рече Сијарто.

Дел од западните медиуми наведуваат дека коментарите на унгарскиот министер се однесуваат во дел и на САД, поради нејзината политика на Блискиот Исток, која создала тло за засилување на исламскиот екстремизам и делови на тој регион и Северна Африка.

Тој рече дека предлогот на Унгарија ќе биде поднесен на утрешниот состанок на министрите задолжени за бегалци и миграции, а чиј домаќин ќе биде генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон