Песков: Оштетувањата на гасоводите „Северен тек “ можеби биле предизвикани од саботажа

Од:

Димитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска изјави дека оштетувањата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ можеби биле предизвикани од саботажа.

Да потсетиме, денеска операторот на Северен тек, објави дека на тие два цевководи е забележана „невидена штета“, а Шведска објави дека гас од двата цевководи тече во Балтичкото Море.

„Кремљ е многу загрижен“

„Во моментов не можеме да исклучиме ниту една опција“, рече Песков на прашањето дали саботажа е причина за оштетувањето на гасоводите.

Тој додаде дека Кремљ е „многу загрижен“ за ситуацијата со гасоводите, за што е потребна „итна истрага“, бидејќи тоа е проблем на енергетската безбедност за „целиот континент“.

Би можело да ве интересира

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски

„Украинците го нападнаа Турски ток“ – обвинувања од Русија за Киев

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Власта им рекла да се самоубијат за да не бидат заробени, нови детали за севернокорејските војници на украинскиот фронт

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Русите на седум километри од Дњепропетровската област, населението известено за заканата

ВИДЕО: Нов напад на Русија

Предраг Петровиќ