Пентагон потврди дека се распоредува војска долж руската граница

Од:

Пентагон потврди дека распоредување војска долж руската граница за да се обезбеди долгорочен „мир и стабилност“ во регионот.

Москва претходно го обвини НАТО за значително зголемување на воздухопловните активности и разузнавачките летови во зоната на границата.

Претставник на Пентагон за руските медиуми изјави дека военото присуство на Алијансата е зголемено, но оти сите операции се спроведуваат крајно транспарентно.

– Сегашните напори на Европската команда на американските вооружени сили се во согласност со операцијата „Атлантска решеност“ и ја демонстрира американската посветеност на заедничката безбедност на НАТО, долгорочниот мир и стабилност во регионот, посебно во светло на руската вмешаност во Украина, истакна претставникот на Пентагон.

Шефот на Контролниот центар за национална одбрана генерал полковник Михаил Мизинцев изјави дека присуството на НАТО во Источна Европа ја загрижува Москва.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува