Пелоси: Импичментот за Трамп ќе зависи од истрагата на Малер

Од:

Лидерката на демократскотo мнозинство во Претсавничкиот дом на САД, Ненси Пелоси изјави дека одлуката на демократите за покренување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп ќе зависи од резултатите од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното руско мешање во изборите во 2016 година.

Гостувајќи во емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, Пелоси истакна дека треба да се почека за да се види „што ќе произлезе“ од истрагата на Малер за поврзаноста на луѓе од Изборниот штаб на Трамп со Русија, па дури потоа да се донесе одлука за евентуален импичмент.

Според Пелоси, постапката за импичмент на Трамп не би требало да биде иницирана од политички причини, но тие во исто време не треба да бидат оправдување за откажување од идејата за отповикување на претседателот.

Изјавата на Пелоси доаѓа во пресрет на денешните конститутивни седници на двата дома на Конгресот, на кои сенаторите и конгресмените избрани во ноември ќе положат свечени заклетви за почеток на нивниот мандат.

Во новиот состав на Конгресот, демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, а републиканците на Трамп во Сенатот.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена