Парламентот на Хонгконг официјално го повлече предлог законот за екстрадиција

Од:

Парламентот на Хонгконг денеска формално го повлече спорниот предлог закон со кој се овозможуваше екстрадиција во Кина, но тоа најверојатно нема да ги прекине повеќемесечните протести, бидејќи со тоа е исполнето само едно од барањата на демонстрантите.

Учесниците во протестите наведуваат дека имаа „пет барања, ниту едно помалку“, што значи дека одлуката на Парламентот не значи ништо.

Претседателката на Владата на Хонгконг, Кери Лам повеќе пати изјави дека педлог законот всушност е „мртов“, додека другите барања, вклучително и универзалното право на глас и амнестија за обвинетите за нередите не се во нејзина ингеренција.

Демонстрантите бараа и Лам да се повлече од власт и да се спроведе независна истрага за полициското насилство врз учесниците во протестите.

– Нема голема разлика помеѓу суспензија и повлекување (на предлог законот за екстрадиција)… Тоа е премалку и предоцна, изјави 27-годишната демонстрантка Кони, додавајќи оти Владата треба да ги исполни и другите барања, посебно барањето што се однесува на употребата на прекумерна сила од страна на полицијата.

Во протестите во Хонгконг, што почнаа во јуни, уапсени се над 2.300 луѓе, двајца се застрелани од огнено оружје, а илјадници се повредени.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг