Папата се сретна со здравствените работници од Ломбардија

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ја одржа првата аудиенција за гости, откако во Италија е укината изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот.

Првите гости на папата беа здравствени работници од Ломбардија, италијанскиот регион кој најтешко беше погоден од пандемијата.

– Вие бевте еден од столбовите на поддршка за целата земја. На вас кои сте тука и на сите ваши колеги низ цела Италија, упатувам изрази на почит и искрена благодарност, а многу добро знам дека сите го чувствуваат истото, рече папата во своето обраќање до лекарите, медицинските сестри и техничарите, кои носеа заштитни маски за време на приемот во Ватикан.

Папата им се заблагодари и за тоа што за време на пандемијата биле „ангели“, кои, меѓу другото, им ги давале своите мобилни телефони на пациенти што умираат, кои сакале да се збогуваат со своите најблиски.

Поради опасност од зараза, неделните општи аудиенции кај Папата сè уште се одржуваат без присуство на јавноста и се пренесуваат преку Интернет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим